Date
Вторник 12 Октомври 2021 - 18.00

Отворена дискусија модерирана од Ана Франговска за еколошките прашања и можностите за зголемување на свесноста во различни групи во општеството преку разни видови медиуми, активности, мисии и акции. 

Траење: 2 часа

Учесници

  • Орхидеја Тасевска, др по природни науки и екологија, Хидробиолошки Завод, Охрид
  • Сандра Андовска, консултант за одржлив развој во кабинетот на потпретседателката на Владата на Република Северна Македонија за економски прашања и инвестиции
  • Драгана Велковска, Охрид СОС, активист и кандидат за член на собрание на град Скопје
  • Моника Мотеска, визуелен уметник
  • Ана Ивановска, архитект

Модератор: Ана Франговска

Креативен и динамичен уметнички професионалец со дваесетгодишно кураторско, едукативно и истражувачко искуство во современата визуелна уметност. Работи како виш кустос во Националната галерија на Република Северна Македонија во изминатите петнаесет години. Франговска е докторски кандидат за трансдисциплинарни студии по современа уметност и медиуми на Факултетот за уметности и медиуми во Белград.