Date
Петок 08 Октомври 2021 - 18.00

Двајца уметници чие дело е претставено на излжбата „Допирот“, Кристина Пулејкова и Луис Хендерсон, ќе дискутираат за нивните уметнички практики со кустосот Ана Франговска. Двајцата уметници ја допираат технологијата во својата работа, користат подвижна слика и работат заедно со други за да реализираат проекти. 

Траење: 2 часа

Биографии на учесниците

Кристина Пулејкова (1988, Скопје, Македонија) е уметник од Лондон, чија интердисциплинарна практика е потпомогната од науката и технологијата. Делата на Кристина се изложени/прикажани во Музејот за современа уметност, Скопје, МК. Самостојно изложувала во: МАК, Виена, Австрија; Проект Простор Кунстхале, Виена, Австрија; Хет Гласпавилјоен, Ајндховен, Холандија; Музејот на науката, Лондон, Велика Британија; V & A, Галеријата Вајтчапел, Лондон, Обединетото Кралство и Фестивалот Арт Ликс, Лондон Велика Британија, и др.

Луис Хендерсон е режисер и писател кој експериментира со различни начини на работа со луѓе за да се осврне и да ја доведе во прашање нашата актуелна глобална состојба дефинирана од расниот капитализам и постојано присутните истории на европскиот колонијален проект. Од 2017 година, Хендерсон работи во рамките на уметничката група „Живите и мртвите“. Со седиште помеѓу Хаити и Франција, тие се фокусираат на театар, песна, слем, поезија и кино, нивниот прв долгометражен филм Ouvertures беше награден со специјално споменување на FIPRESCI на 70 -тиот меѓународен филмски фестивал во Берлин 2020. Неговото дело е прикажано на разни меѓународни филмски фестивали, уметнички музеи и биеналиња и се дистрибуира од LUX и Video Data Bank. Живее и работи во Париз.

Модератор: Ана Франговска

Креативен и динамичен уметнички професионалец со дваесетгодишно кураторско, едукативно и истражувачко искуство во современата визуелна уметност. Работи како виш кустос во Националната галерија на Република Северна Македонија во изминатите петнаесет години. Франговска е докторски кандидат за трансдисциплинарни студии по современа уметност и медиуми на Факултетот за уметности и медиуми во Белград.