Elpida Hadzi-Vasileva artwork.
Date
Понеделник 27 Септември 2021 - 18.00

Интер и трансдисциплинарноста неодамна станаа карактеристични елементи на современата уметност. Кога границите помеѓу дисциплините се спојуваат и се бришат многу често, резултатите се збогатуваат за двете дисциплини и резултираат со дела кои неможе да се предвидат. Особен пример за соработка помеѓу практичари со различни специјализации ќе биде во фокусот на овој говор. Уметникот Елпида Хаџи-Василева и научникот проф. Аластер Форбс заедно ќе зборуваат за својата работа, со модерирање на Ана Франговска.

Траење: 2 часа

Биографии на учесниците

Елпида Хаџи-Василева (родена 1971 година, Кавадарци, Северна Македонија) е уметник со македонско потекло со седиште во Велика Британија. Таа изложува честопати и реализира бројни комисии на национално и меѓународно ниво, во галериски простори, музеи и во јавни простори. Хаџи-Василева беше избрана од Министерството за култура да ја претставува Македонија на 55. Венециско биенале во 2013 година, со Ана Франговска, куратор во Националната галерија на Македонија. Дипломирала скулптура на Кралскиот колеџ за уметност, Лондон, во 1998 година. 

Аластер Форбс е професор по медицина и директор за клинички истражувања во медицинската школа Норвич на Универзитетот во Источна Англија, Велика Британија. Тој е паралелно и консултант во Универзитетската болница Норфолк и Норвич и е директор на институцијата за клинички истражувања Институтот Квадрам и претседател на Комитетот за истражувачка етика на УЕА. Тој работи главно на интестинална инсуфициенција и исхрана при воспалителна болест на дебелото црево, но исто така има интерес и во кариера за медицинските аспекти на нарушувањата во исхраната. 

Модератор: Ана Франговска

Креативен и динамичен уметнички професионалец со дваесетгодишно кураторско, едукативно и истражувачко искуство во современата визуелна уметност. Работи како виш кустос во Националната галерија на Република Северна Македонија во изминатите петнаесет години. Франговска е докторски кандидат за трансдисциплинарни студии по современа уметност и медиуми на Факултетот за уметности и медиуми во Белград.

Споделете на социјални мрежи