Во моментов, милиони ученици ширум свет ги одржуваат часовите преку интернет и преку телевизија. Додека пандемијата физички ги затвори училиштата, министерствата за образование брзо организираа импресивен систем на образовни опции преку веб и преку телевизијата како поддршка на наставниците и учениците. Ние во Британскиот совет секогаш сме тука за нашите пријатели, соседи, партнери и клиенти; ние би сакале да помогнеме со обезбедување на најдобрите ресурси за учење англиски јазик што ги имаме.
За „Word on the Street“
„Word of the Street“ е ТВ серија за предавање на англиски јазик, копродуцирана од Британскиот совет и Би-би-си. Таа има за цел да им помогне на младите ученици да го подобрат секојдневниот говорен англиски јазик и да се запознаат со живописната британска култура. Форматот на епизодите користи мешавина од драма, интервјуа, стории и мини квиз за да помогне во подобрувањето на вештините за англиски јазик. ТВ серијата е поддржана со материјали за учење преку веб страницата на Британскиот совет, Learn English.
Гледајте ја серијата „Word on the Street“ од 26 мај до 8 јуни, во партнерство со МРТ1, секој работен ден од 12:10 часот и од 19:00 часот.
Серијата е наменета за ученици од средно (ЦЕФР ниво Б1) или за горно средно ниво (ЦЕФР ниво Б2). Гледајте ја ТВ серијата со Ешли и Стивен додека ја истражуваат Велика Британија, а потоа слушнете го наставникот Роб како го објаснува јазикот што тие го користат. Така ќе го подобрите вашето разбирање за она што го слушате и ќе ги подобрите вашата граматика и речник. Секое видео има синопсис и интерактивни вежби за да ви помогнат да го разберете и да го користите јазикот.