Академските тестови по англиски јазик се дел од образовниот процес на милиони студенти годишно. Затоа организиравме бесплатна конференција на интернет наменета за стручни лица во високото образование заинтересирани за светските трендови и најдобрите практики за оценување на познавањето на англискиот јазик.

Учесниците добија пристап до најнови информации за британските практики за оценување на познавањето на англискиот јазик. Секоја практична презентација беше проследена со панел дискусија на локалните експерти кои ги претставија ставовите од сопствениот регион за секоја тема. На сесијата „Прашање и одговор“ која се одржи на крајот од конференцијата, учесниците имаа можност да се обратат директно до стручните лица за инструкции и совети.

Дознајте повеќе за стручните лица за оценување на познавање на јазик кои споделија свои искуства за време на конференцијата.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА СНИМКАТА ОД КОНФЕРЕНЦИЈАТА