Date
Петок 01 Јули 2016 - 00.00 до Понеделник 25 Јули 2016 - 00.00
Локација
Рок за пријавување

Ако сте наставник по англиски јазик и сакате да продолжите со стручното усовршување на еден од британските универзитети, пријавете се на пост-дипломските студии подготвени заеднички од Универзитетот Саутхемптон и Британски совет.

...предизвик и интересно искуство кое ми помогна да ги развијам моите вештини...најголемата предност е што можам да учам од дома, а сепак да работам“. Нат, магистер по англиски јазик, 2014.

Две и пол годишната програма нуди пост-дипломски студии во клучните области на современите теории и практики во „Применетата лингвистика“ и „Предавањето на англискиот јазик“. Ја води посветен тим од искусни ментори од Универзитетот Саутхемптон.

Програмата е целосно онлајн, со што имате можност да учите од било каде во време кое вам ви одговара. 

Програмата е составена од двегодишни модули кои подлежат на оценување, а последниот семестар е наменет за истражување и пишување на завршен труд.

Дознајте повеќе за пост-дипломските студии во областа на „Предавањето на англискиот јазик“. Ако имате прашања, упатете ги до  MastersELTonline@britishcouncil.org

Пријавете се до 25 jули за програмата која почнува во cептември 2016 година