16– 19 ФЕВРУАРИ 2017 | МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР

Придружете ни се на PlayUK, единствен меѓународен фестивал кој го слави британскиот филм. Од 16 до 19 февруари, публиката во шест градови во регионот ќе може да проследи десет премиери на филмови на британски автори, кои привлекуваат големо внимание на најпознатите филмски фестивали во светот.

Почнувајќи со „T2 Треинспотинг“ на отворањето на фестивалот, во период од четири дена илјадници страствени љубители на киното ќе имаат можност да ги доживеат најдобрите современи британски играни и документарни филмови.

ФОРМАТ НА ФЕСТИВАЛОТ

Со своето силно влијание врз нашиот секојдневен живот и на начинот на кој зборуваме и се шегуваме, британската кинематографија со децении претставува единствен феномен во глобалната современа култура. Таков феномен заслужува несекојдневен формат. 

Фестивалот PlayUK се одржува истовремено во шест градови од регионот, со прикажување на десет филмски премиери точно во исто време во Скопје, Белград, Подгорица, Призрен, Сараево и Тирана - ширејќи го британскиот филмски жагор низ целиот регион.

ФОКУС НА ПРОГРАМАТА

Тематски, PlayUK има повеќе нивоа. Бидејќи светот се соочува со брзи промени, а политиката воспоставува нови односи на целата планета, нашата цел е да вклучиме филмови кои ја слават човечката издржливост и способност да најде одговори и решенија во тешките ситуации.

Друго ниво на фестивалот е силното влијание на британската музика во овој дел од светот. Затоа ќе прикажеме филмови кои се фокусираат на музика, музички бендови, нивното наследство и влијание на нашите општества. Очигледно, тоа е причината поради која одлучивме да го отвориме фестивалот со „T2 Треинспотинг“, филм кој ги обединува оригиналните ликови на еден од највлијателните филмови од деведесетите години.

Конечно, PlayUK го слави филмот како уметничка форма, медиум приспособлив на промените предводени од новите технологии. Филмот постојано се менува и си го пронаоѓа патот во понатамошното зближување на публиката. Ова PlayUK уште еднаш ќе го докаже. 

БЕЛГРАД | ПОДГОРИЦА | ПРИЗРЕН | САРАЕВО | СКОПЈЕ | ТИРАНА