Microbit 1

Сите места за работилницата  се веќе резервирани.

2 НОЕМВРИ, 14.00–17.00
3 НОЕМВРИ, 12.00–15.00; 14.00–17.00; 17.00–19.00
Младински културен центар

Нашиот свет брзо се движи. Дури 65 проценти од денешните ученици ќе работат на работни места што се уште не постојат. Никогаш не било толкав голем предизвик како денес да се подготват младите за утрешниот свет. Квалификациите и знаењето и натаму се важни, но повеќе не се доволни за да се обезбеди успешна иднина. На децата им е потребна и заслужуваат можност да пораснат во креативни и критички настроени граѓани, подготвени да ја вообличат иднината за себе.

Да се научи компјутерско размислување, решавање проблеми и критичко размислување е многу важно за децата, а ние може да го направиме ова забавно! Се надеваме дека ќе ги донесете децата на нашите работилници за време на PlayUK Arcadia 2018. Погледнете го распоредот за основни, напредни или работилници за наставници.

Британски совет посветено ги поддржува училиштата во земјите од Западен Балкан да ги развијат капацитетите и да им понудат на учениците вештини што се неопходни за тие да можат позитивно да придонесат за културата и економијата на 21. век.

Microbit

ПРАВЕТЕ ЕДНОСТАВНИ ИГРИ СО MICRO:BIT

Сите места за работилницата  се веќе резервирани.

Важна забелешка: детето треба да има најмалку средно ниво на познавање на англиски јазик

петок, 2  ноември 14.00–17.00
МКЦ, горно фоаје

Во текот на работилницата ќе го разгледаме Microbit на Би-Би-Си, ќе дознаеме нешто за неговата историја, што е тоа и што може да прави. Ќе научиме и како да го програмираме, и ќе направиме серија мали вежби што ќе ги претстават основните функции што ќе им овозможат на учениците да создадат своја видео игра. 

Инструктор: Andy Powell, MadLab, Обединето кралство

Основна работилница за ученици

Сите места за работилницата  се веќе резервирани.

Сабота, 3  ноември 12.00-13.30
МКЦ, горно фоаје

Почнете го Micro:bit патувањето. Запознајте се со Micro:bit хардверот, програмската средина со блокови и како да направите едноставни програми. Научете ги основите на кодирањето со Micro:bit, создајте ги првите редови на код, разберете како функционира Micro:bit и научете ги сите можности што ги нуди овој уред. Оваа работилница нуди практична и забавна сесија по кодирање.

Инструктор: Олга Самарџиќ-Јанкова

Напредна работилница за ученици

Сите места за работилницата  се веќе резервирани.

Сабота, 3  ноември 14.00-15.30
МКЦ, горно фоаје

Истражете го возбудливиот свет на гејмерско искуство со Micro:bit. Научете како да го анимирате и програмирате Вашиот Micro:bit уред и како да направите сопствена игра. Оваа работилница нуди практична и забавна сесија за создавање на забавни и возбудливи апликации и игри што користат Micro:bit, а учениците ќе ги согледаат неговите можности, ќе научат програмерски вештини и ќе се инспирираат да продолжат со кодирање.

Инструктор: Маја Виденовиќ

Работилница со наставници

Сите места за работилницата  се веќе резервирани.

Сабота, 3  ноември 16.00-17.30

МКЦ, горно фоаје

Развивајте го компјутерското размислување и дигитална писменост на Вашите ученици уште од рана возраст. Научете како да ги вклучите Micro:bit уредите во секојдневната настава, како да го побудите интересот и мотивацијата на учениците за различни предмети преку наоѓање решенија за вистински проблеми. Оваа работилница нуди различни примери за тоа како се користат Micro:bit уредите за кодирање во различни предмети на училиште.

Пријавете се овде.

Инструктор: Владимир Трајковиќ