"Направете своја верзија на драмата ,,Сонот на летната ноќ''. 

Mix the Play е интерактивна видео платформа која е настаната од соработката на Британски совет со театарот ,,Old Vic". 

Направете своја сцена на една од најпопуларните Шекспирови драми Сон на летната ноќ. Со користење на филмски примероци и ефекти можете да управувате со различни елементи како кастинг, сценографија, костими, стил на глума и музика.

Платформата е едноставна за користење, а вашето дело лесно можете да го споделите на социјалните медиуми. Не е потребно да имате претходно искуство како режисер за да ја користите платформата. 

Направете ја вашата сцена и доживејте го Шекспир како никогаш до сега.