Режирај своја верзија на Ромео и Јулија

Режирај сцена од една од најомилените Шекспирови драми, „Ромео и Јулија”. Со користење на филмски кадри и ефекти, можеш да контролираш различни елементи, како листата на актери, нагодувањата и музиката.

Mix the Play е интерактивна видео платформа создадена од славниот режисер Ројстен Абел во соработка со Британскиот совет.

Платформата е лесна за употреба, а твоите дела можеш да ги споделуваш на едноставен начин на социјалните мрежи. Не е потребно претходно режисерско искуство.

Креирај своја сцена и доживеј го Шекспир како никогаш претходно.

Зад кулисите на Mix the Play: