
PlayUK 2020 digital
Оваа година подготвивме нешто ново за вас! PlayUK 2020 сега е дигитален настан кој може да се посети и ужива онлајн.
Ако сакате да дознаете повеќе за музиката, филмовите или фотографијата во Велика Британија, имаме многу материјали кои ги споделуваме со вас. Истражете го делот подолу и ги одберете го она што ви се чини најинтересно.
Ако сакате да сте во тек, да добивате најнови вести и да се поврзувате, придружете ни се на фејсбук и следете нѐ на твитер
Оваа година подготвивме нешто ново за вас! PlayUK 2020 сега е дигитален настан кој може да се посети и ужива онлајн.
Нашата неделна онлајн радио-емисија Селектор ви ја носи најновата музика која доаѓа од сите страни на Велика Британија. Емисијата е достапна на интернет и можете бесплатно да слушате која било од претходните епизоди.
Музиката нè зближува сите и тоа е причината зошто го создадовме Mix the City. Оваа онлајн платформа ви дава можност да комбинирате музика која доаѓа од различни делови на светот и да направите своја песна.
Колекцијата на Британскиот совет е составена од уметнички дела од британски уметници со извонредни дела на светски реномирани уметници, меѓу кои и на Хенри Мур, Барбара Хепворт, Бриџит Рајли, Гилберт и Џорџ, Аниш Капур, Мона Хатум и Дејмиен Хрст.