Нема подобро време од сега да почнете да ги правите сите работи што сакавте да ги направите, но никогаш немавте време. Без разлика дали дневно имате само десет минути или цел час за да вежбате, нашите материјали за учење ќе ви помогнат да ги подобрите вашите вештини по англиски јазик.

ПРОНАЈДЕТЕ ГО ВАШЕТО НИВО НА ПОЗНАВАЊЕ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Започнете со преземање на нашиот бесплатен тест за граматика и вокабулар на англиски јазик за да го пронајдете вашето ниво. Врз основа на вашите резултати, платформата ќе ви понуди материјали за вежбање за да продолжите да се подобрувате.

ПОДОБРЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ЈАЗИЧНИ ВЕШТИНИ

Откако ќе го дознаете вашето ниво, подготвени сте да започнете да работите на вашите вештини за слушање, читање и пишување. Изберете го вашето ниво и потоа користетеразлични текстови и аудио записи, интерактивни вежби и работни листови.

АНГЛИСКИ ЗА ТИНЕЈЏЕРИ

Во моментовмногу ученици ширум светот не можат да одат на училиште. Во ова тешко време,користењето на веб-страницата LearnEnglish Teens може да ви помогне да продолжите да учите и вежбате англиски дома. LearnEnglish Teens има многу видеа, аудио и текстови за читање кои ќе ви помогнат да ги подобрите своите вештини за англиски јазик и да ви помогне во учењето. За да почнете, предлагаме да поминете помеѓу 20 и 30 минути на ден користејќи ја страницата LearnEnglish Teens. Ако сте доследни, навистина ќе напредувате.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА НЕКОЈ ОД НАШИТЕ БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ

Ако барате шанса да го вежбате англискиот јазик со други луѓе, зошто да не се приклучите на еден од нашите онлајн курсеви (т.н. MOOC). Не сте сигурни како функционира ова? Подготвивме кратко објаснување за да започнете.

Во моментов можете да се придружите на нашиот курс за Истражување на англиски: јазик и култура и да научите повеќе за музиката и литературата што доаѓа од Велика Британија.

Доколку сакате да научите повеќе за тоа како да создадете промена што може да помогне во трансформацијата на животите на луѓето, придружете се на нашиот курс „Идеи за подобар свет“ со почеток на 25 мај.

ПОДОБРЕТЕ ГО ВАШИОТ ДЕЛОВЕН АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Со сè повеќе луѓе кои работат за меѓународни компании, ова е совршена можност да го подобрите вашиот деловен англиски јазик и да напредувате. Посетете го нашиот дел за деловен англиски за развој на вештини за интервју, научете да пишувате јасни пораки и да се запознаете со различни деловни теми и прашања.

ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ

Ако сакате да сте во тек, да добивате најнови вести и да се поврзувате, придружете ни се на фејсбук и следете нѐ на твитер.

За сите кои сакаат да учат и да уживаат во културата сакаме да направиме посилна и поголема заедница. Сите сме заедно во ова!