За сите родители имаме неколку идеи како да ги занимавате вашите деца. Како експерти за предавање англиски јазик ширум светот, ви нудиме голем број материјали што ќе ви помогнат да учите заедно.

Научете ги вашите деца да кодираат

Како дел од нашата програма #ОстаниДома со Британски совет, организираме вебинар кој ќе ви помогне да разберете зошто кодирањето е клучно за иднината на вашите деца. Исто така, ќе покаже како Вашите деца можат лесно да започнат со кодирање, користејќи ја бесплатната платформа Make Code. 

ИГРИ, ПЕСНИ И ПРИКАЗНИ

Само затоа што сте во затворен простор не значи дека не можете да се забавувате заедно. Пејте песни, играјте игри или гледајте приказни и бајки преку нашата веб-страница LearnEnglish Kids. Сите овие активности не само што со часови ќе ги забавуваат вашите деца, туку и ќе им помогнат да го збогатат својот речник и да вежбаат англиски јазик.

ПРАКТИЧНИ ВИДЕА

Помогнете им на вашите деца да ја достигнат својата креативна страна со нашите практични видеа. Од правење магични трикови до претскажување на времето - вашите деца ќе уживаат во секоја минута, а вие ќе видите дека нивната доверба расте со секоја нова работа што ќе ја научат. 

УЧЕТЕ АНГЛИСКИ СО TIMMY TIME

YouTube стана неверојатно популарен кај помладите генерации, а ние имаме што да понудиме и таму. Со нашата бесплатна YouTube видео серија за Timmy Time и неговите пријатели, вашите деца ќе откријат нови зборови, ќе ја развиваат нивната креативност и имагинација.

ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ

Ако сакате да сте во тек, да добивате најнови вести и да се поврзувате, придружете ни се на фејсбук и следете нѐ на твитер.

За сите кои сакаат да учат и да уживаат во културата сакаме да направиме посилна и поголема заедница. Сите сме заедно во ова!