Ви нудиме голем број бесплатни онлајн материјали кои ќе ви помогнат да работите на вашиот професионален развој и да се поврзете со колеги ширум светот од удобноста на вашиот дом.

Погледнете ја снимката од нашата бесплатна онлајн сесија со претседателот на ИАТЕФЛ

На 15 април, д-р Хари Куча ја претстави работата на ИАТЕФЛ и понуди повеќе информации за придобивките за оние кои се и не се членови. Тој исто така објасни како на различни начини да се вклучите во работата на ИАТЕФЛ и како можете да ги користите нивните онлајн ресурси за вашиот професионален развој.

НАСТАВНИ ПЛАНОВИ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Постојат повеќе од 100 наставни планови и активности кои може да ги одберете кои се специјално дизајнирани за основно образование. Сите наши наставни планови и активности се поделени по нивоа и ќе најдете опсежни теми - од идеи за користење на картички до активности со фокус на граматика.

НАСТАВНИ ПЛАНОВИ ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Постојат повеќе од 200 наставни планови и активности кои може да ги одберете и кои се специјално дизајнирани за средните училишта.Имаме и ресурси во делот за култура во Велика Британија кои ќе ви помогнат да ги научите вашите ученици за познати британски писатели, вклучувајќи ги Шекспир, Џејн Остин, Чарлс Дикенс и Дилан Томас.

ОНЛАЈН СТРУЧЕН РАЗВОЈ ЗА НАСТАВНИЦИ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Погледнете ги вашите наставни практики и идентификувајте ги областите на кои сакате да работите понатаму со нашата бесплатна програма за професионален развој. Програмата се состои од три курсеви кои опфаќаат 12 различни области што наставниците треба да ги земат предвид додека го планираат нивниот професионален развој. Придружете се на дел или на сите курсеви и започнете да ги споделувате своите искуства со наставници од целиот свет.

ВЕБИНАРИ КАКО ДА ПРЕДАВАТЕ ОНЛАЈН

Многу наставници се со мало или никакво искуствокога треба да предаваат на интернет. Затоа организиравме серија на веб-содржини за да понудиме насоки во клучните области. Сите вебинари се снимени и зачувани, затоа не грижете се ако ги пропуштите, секогаш можете да гипрегледате во време кое вам ви одговара.

ПОВРЗЕТЕ СЕ ОНЛАЈН СО ДРУГИ НАСТАВНИЦИ 

Ако сакате да дознаете што прават наставниците од други земји, зошто да не се приклучите на нашата глобална заедница за наставници на фејсбук? Таму можете да го споделите вашето искуство и да добиете нови идеи од колеги кои се соочуваат со слични предизвици.

СЛЕДЕТЕ НЀ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ

Следете ја нашата страница за предавање на англиски јазик на фејсбук и бидете први што ќе дознаете за најновите активности што ги планираме во наредниот период на интернет.

ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ

Ако сакате да сте во тек, да добивате најнови вести и да се поврзувате, придружете ни се на фејсбук и следете нѐ на твитер.

За сите кои сакаат да учат и да уживаат во културата сакаме да направиме посилна и поголема заедница. Сите сме заедно во ова!