Ве каниме да учествувате на следното издание на PlayUK, регионален фестивал на нови дигитални медиуми кој ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје од 29 октомври до 4 ноември. Ова издание на фестивалот PlayUK ќе има повеќе сегменти кои ќе претстават нови дигитални продукти од Велика Британија и од нашиот регион. Дел од ова ќе биде и работилница насловена како „Дневна соба на иднината“ во реализација на Фондацијата за уметност и креативни технологии од Велика Британија (Foundation for Art and Creative Technology FACT), која ќе ги истражува темите за иднината на медиумското емитување. Пријавете се до 23 октомври и може да учествувате на фестивалот како учесник на работилницата и да се стекнете со увид во новите начини на размислување за дигиталните иновации.

Ако се бавите со некоја креативна дејност, од филм и развој на мобилни апликации до програмирање и информациски технологии, особено Интернет на нештата (IoT), ако течно го говорите англискиот јазик и ако доаѓате од некоја од земјите во регионот (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора), пријавете се за да научите нешто ново работејќи заедно со професионалци од Велика Британија и регионот.

На 30 избрани кандидати ќе им се овозможи да учествуваат на дводневна работилница (2-4 ноември) во светот на медиумите базирани на објекти (Object-Based Media) и да навлезат подлабоко во креирањето на содржини кои ќе го трансформираат домот во дигитално и споделливо искуство. Учесниците ќе научат како да ја користат платформата Датабокс за да создаваат интерактивни искуства со поврзување на различни уреди распределени во домот и ќе прилагодуваат медиумски содржини соодветни за искуството на корисниците. Учесниците ќе се стекнат и со знаење за новите начини на размислување за медиумското емитување, Интернет на нештата, приватноста и податоците.

PlayUK 1

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ

Ако ги исполнувате критериумите, ве молиме пополнете го електронскиот формулар овде до недела, 23 октомври до 23:59 часот.

ПРОЦЕС ЗА ИЗБОР НА УЧЕСНИЦИ НА РАБОТИЛНИЦАТА

Комисија со претставници од Би-би-си, Фондацијата FACT и Британски совет ќе одбере до 30 учесници за работилницата – иновативни креативци кои имаат докажано искуство со успешно развиени проекти во филмот, инсталации во визуелната уметност, игри и Интернет на нештата. Дополнителни 20 кандидати ќе бидат избрани да учествуваат на останатите работилници и настани на фестивалот.

Избраните кандидати ќе бидат известени по електронска пошта до среда, 23 октомври. Ќе бидат покриени патни трошоци, сместување и оброци поврзани со учеството на работилницата.

За повеќе информации за партнерите, ве молиме посетете ги нивните веб страници.

PlayUK е уметничка платформа во регионот која има за цел да го поддржи и развие аудио-визуелениот сектор. Преку создавање на врски меѓу професионалци од Велика Британија и регионот, оваа платформа поддржува знаење и размена на вештини во области како виртуелна и распространета реалност, визуелни ефекти и анимација, како и создавање единствени врски меѓи уметниците и ИКТ секторот. Покрај ова, во Скопје ќе може да се погледне интерактивна изложба на инсталации за виртуелна реалност, видео игри, мобилни апликации, како и дневна музичка програма со ди-џеи од регионот и од Велика Британија.