- Основни информации за овие услови
1.1 Овие услови се однесуваат на секое купување производи од Британскиот совет преку интернет продавница или платформа (во понатамошниот текст: интернет продавница).
1.2 Ве молиме внимателно да ги прочитате овие услови пред да нарачате. Со кликање на „Се согласувам со условите и правилата за продажба“ пред да ја испратите нарачката, потврдувате дека се согласувате да бидете обврзани со овие услови. Ако не ги прифатите условите, нема да можете да нарачате било кој од производите на интернет страницата.
ОСОБЕНО ОБРНЕТЕ ДЕТАЛНО ВНИМАНИЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ И РАСКИНУВАЊЕ КОИ СЕ НАВЕДЕНИ ПОДОЛУ
1.3 Овие услови се структурирани во следниве неколку делови (освен воведниот дел):
Дел | Наслов | Објаснување |
Дел 1 | Дефиниции | Овие услови се однесуваат на сите нарачки |
Дел 2 | Општи правила и услови | Овие услови се однесуваат на сите нарачки |
Дел 3 | Услови и правила за користење на дигитална содржина | Овие услови важат во случај ако сте нарачале било каква дигитална содржина. Овие услови имаат поголема важност од општите услови и правила. |
Дел 4 | Посебни услови и правила | Ова се посебни услови (ако ги има) кои се однесуваат на местото во кое обично живеете. Овие услови имаат предност во однос на општите услови и правила и условите и правилата за користење на дигитална содржина. |
Дел 5 | Дополнителни услови и правила | Се однесуваат на дополнителни услови кои се применливи на конкретни производи и имаат поголема важност од другите услови. |
2. Општи информации за Британскиот совет
2.1 Станува збор за невладина организација од Обединетото Кралство која функционира во разни држави преку локални канцеларии и/или поврзани друштва, како и преку подружници формирани на локално ниво (кои, сите заедно, вклучувајќи ја и невладината организација од Обединетото Кралство, се нарекуваат „ентитети на Британскиот совет”).
2.2 Интернет продавницата е управувана од невладината организација од Обединетото Кралство, но производите ги продава невладината организација од Обединетото Кралство или друг ентитет на Британскиот совет. Интернет продавницата јасно ќе Ви означи дали производот Ви го продава невладината организација од Обединетото Кралство или друг ентитет на Британскиот совет – она лице кое го продава производот ќе склучи договор со Вас за обезбедување на тој производ и ќе се смета дека е „Британски совет“ за целите на овие услови.
2.3 Ако производи Ви продаваат невладината организација од Обединетото Кралство и друг ентитет на Британскиот совет, тогаш ќе постои еден договор помеѓу Вас и невладината организација од Обединетото Кралство (за производите кои ги продава невладината организација од Обединетото Кралство) и уште еден договор помеѓу Вас и другиот ентитет на Британскиот совет (за другите производи). Овие услови ќе важат за двата договори.
2.4 Накусо:
Производот го продава: | Договор сте склучиле со (и „Британски совет“ е): |
Невладина организација од Обединетото Кралство | Невладина организација од Обединетото Кралство |
Друг ентитет на Британскиот совет | Ентитет на Британскиот совет кој Ви го продава производот |