The Loss Levels е серија од наративни микро игри што истражуваат аспекти од искуството на уметникот за време на терористичкиот напад во 2017 година, кога тој го загубил братот Мартин. Низ игрите се истражуваат некои елементи од неговото искуство, без да се наведат конкретни податоци за местото, времето или името. Игрите се намерно едноставни, како имитација на старите 8битни игри. Секоја игра трае десетина секунди, а вкупното време на играње трае 3-4 минути.