Webinar 2
Date
Понеделник 22 June 2020 - 18.00
Локација
Онлајн настан за родители

Во современото живеење способноста за критичко размислување и кодирањето се едни од најзначајните вештини на 21 век. Децата активно учат врз основа на љубопитност и интерес, но потребно е да се поттикнуваат да поставуваат прашања, да најдат постапки за решавање на проблемите кои се базирани на докази и проверени извори на информации. Тие често прашуваат, што ако, зошто така... и со тоа внесуваат различни пристапи на гледање на случувањата. Различните перспективи овозможуваат сеопфатно разгледување на зададен проблем и негово решавање. Не земањето предвид на различните перспективи често е причина за појава на конфликти помеѓу луѓето, а тоа често се случува и помеѓу членовите во семејството.

Д-р БЕТИ ЛАМЕВА е раководител на Секторот за испити, ИТ и истражувања во Државниот испитен центар и е национален координатор на меѓународните студии за мерење на постигањата на учениците: ТИМСС и ПИСА. Таа има повеќе од 20 години работно искуство во областа на ИТ и екстерната евалуација во образованието во земјава и надвор од неа. 

М-р ТАЊА АНДОНОВА МИТРЕВСКА е раководител на Одделението за испити и оценувања во Државниот испитен центар. Во работниот век работела како професор по македонски јазик и литература во средно училиште. Од 2004 година е на работна позиција советник. Учествувала на повеќе семинари, конференции, обуки и студиски престои во улога на слушател или како предавач/обучувач. Во областа на развој на критичкото мислење во наставата е уште од 1997 година. Таа е автор/коавтор на документи, трудови, написи и прирачници од областа на наставните практики во образовниот процес.

ЈАСНА ЃОРГИЕВСКА по професија е психолог, со работно искуство како советник за образование на ниво на општина, а во моментот е вработена како училишен психолог. Во текот на својата работа има реализирано голем број на работилници, предавања и активности за поттикнување на социо-емоционалниот развој кај учениците. Исто така, реализатор е на голем број предавања и советувања за родители.

ОЛГА САМАРЏИЌ ЈАНКОВА во работниот век е вклучена во образованието од повеќе аспекти: како наставник, советник во Бирото за развој на образованието, раководител на компонентите за примена на ИКТ во наставата во три УСАИД образовни проекти и како претседател на организација за иновативна технологија во образованието.