Date
Понеделник 19 Јули 2021 - 22.30

Седум кратки филмови од БАФТА 2020 од филмската програма на Британски совет ќе бидат прикажани во понеделник на 19 јули 2021 година, во 22:30 часот во кино Езерце (Градски парк Скопје) во рамките на 20-то издание на Синедејс Фестивалот на европски филм, во организација на Младинскиот културен центар (МКЦ).

Програмата БАФТА 2020 Кратки филмови вклучува номинирани краткометражни филмови, кои раскажуваат приказни што ја откриваат ширината и разновидноста на британското општество, заедно со технички капацитет од светски ранг и со некои од британските најдобри актерски таленти. Оваа програма е совршен пакет за меѓународната промоција за да се прикаже континуираната традиција на Велика Британија за производство на краток филм од светска класа.

Филмови

Азар (Myriam Raja, 21 мин.)

Племе жени го чекаат враќањето на нивните мажи од војна. Азар, една од последните млади девојки во селото е испреплетена меѓу мајка ѝ, баба ѝ и остатокот од племето, при што ја учи вистинската цена на женскоста.

Златна рипка (Hector Dockrill, 18 мин.)

По смртта на постариот брат, 11-годишната Виола се мачи да ја процесира својата тага. Во друштво само на мајка си и драгоцената златна рипка, розовиот поглед на светот ѝ се врти наопаку, сѐ додека не најде писмо од непознат, што менува сѐ.

Камали (Sasha Rainbow 24 мин.)

Камали е единственото девојче скејтбордер во мало рибарско селце. Нејзината плашлива мајка, Суганти, оди на аџилак со желба да се пронајде себеси. Разделени за првпат, мора да најдат слобода во светот на мажите.

Стапица (Lena Headey, 32 мин.)

Кога една самотна жена се вљубува, лесно е да се вљубите со неа во оваа нежна и сензуална приказна за изненадувачко самоосознавање.

Дедо ми беше романтичар (Maryam Mohaher, 4 мин.)

Дедо ми беше романтичар. Еднаш видел фотографија од баба ми и сфатил дека е љубовта на неговиот живот. Еден ден решил да ја запознае.

Во нејзини чизми (Kathrin Steinbacher, 6 мин.)

На Хајди ѝ се случуваат чудни нешта. Додека внука ѝ е на посета, неочекувано решава да тргне на планинарење во најдлабоките делови на Алпите, откривајќи ја причината за нејзината длабока приврзаност кон нејзините планинарски чизми. Приказна за обидот на Хајди да ги задржи сопствениот идентитет и автономија.

Волшебниот брод (Naaman Azhari, 6 мин.)

Интимен увид во односот помеѓу мајка и нејзиниот син среде најопасното патување во нивните животи.

Сите информации за програмата се достапни на веб-страницата на Синедејс.