Webinar 3
Date
Петок 26 June 2020 - 18.00
Локација
Онлајн настан за родители

Прв дел - Вовед во програмирањето и важноста за образованието и зошто тие вештини се важни и како се поврзани со најразлични предмети за совладување на одредени вештини, теми, знаења и сл. Втор дел - Учење преку игра за совладување на основните концепти на кодирањето од најмала возраст/првите одделенија која ќе опфаќа примери на активности преку кои децата би ги разбрале: редоследно (секвенцијално) извршување, повторувањето (концепт на циклуси), избор (селекција) и концептот на променливи.                             

ГОРДАНА ЈАНАКИЕВСКА    ордана Јанакиевска е советник за наставните предмети од областа на информатиката и раководител на одделение за следење и евалуација на постигањата на учениците и наставниците во БРО, електро инженер по професија, со повеќе од дваесет години работно искуство. Активно е вклучена во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Британски Совет како експерт и обучувач. Воедно е  имплементатор на активностите на еTwinning платформата во образованието за Македонија. Учесник е на бројни конференции, но и коавтор на прирачници за основно образование и друга стручна литература.

СЛАВИЦА КАРБЕВА СТОЈКОВИЌ во последните 15 години работи како наставник и тренер на наставници во областа на иновативната употреба на технологија и кодирање во основното училиште, развој на наставни ресурси од областа на СТЕМ и спроведување истражувања за трансформативно учење со технологија, учење засновано на истрага и визуелизација на податоци. Таа е призната од мрежата на едукатори на Мајкрософт како иновативен експерт за едукатори на Мајкрософт и учествува на глобални форуми за наставници и глобални врски за учење со училници низ целиот свет.