Conference on inclusive education image
Date
Петок 24 Април 2015 - 10.00
Локација
Стопанска комора на Македонија, Скопје

Заедно со АСУЦ „Боро Петрушевски“-Скопје, во рамки на проектот „Регионална поддршка за инклузивно образование“, организираме „Конференција за инклузивно образование“ во Стопанска комора на Македонија (на 5 кат) во Скопје на 24 април 2015 година со почеток во 10 часот.

На конференцијата се поканети 100 претставници од средните стручни училишта од Скопје, претставници од државните институции и невладини организации кои работат во оваа област. 

Британските консултанти Фил Декстер и Дејвид Крабтри посебно внимание ќе посветат на подигнување на свеста за инклузивното образование, ќе споделат конкретни примери од работењето на британските училишта, и како инклузивните училишта ги сплотуваат учениците кои имаат различни образовни потреби. Посебен акцент ќе биде ставен и на работа со средношколци кои имаат синдром на недостаток на внимание и хиперактивност, како и на оние средношколци кои имаат проблеми со дислексија.

Преземете ја програмата за настанот.

Пријавувањето за учество на конференцијата заврши.

Им благодариме на сите пријавени и ги очекуваме на настанот.

Споделете на социјални мрежи