Вебинарите се осврнуваат на важни прашања поврзани со карактеристиките на континуираниот професионален развој, што можат тренерите да направат да ги поттикнуваат наставниците постојано да се усовршуваат, ќе се споделат бесплатни видео материјали на повеќе теми од интерес и истражувања спроведени на оваа тема.
Секојдневно ќе се емитува по еден вебинар во утринските и попладневните часови.
Континуиран професионален развој кој има трајно влијание
Датум: вторник, 25 ноември
Време: 12.00 и 18.00 часот
Наставниците кои постојано професионално се усовршуваат добиваат многу идеи и мотивација. Но, што се случува кога ќе се вратат во реалноста и ќе влезат во училница? Колку од наученото го применуваат во пракса?
Јохана Стирлинг ќе објасни зошто ова се случува и што можат менторите да направат усовршувањето да биде постојан извор на инспирација што че доведе до практична примена на наученото.