Вебинарите се осврнуваат на важни прашања поврзани со карактеристиките на континуираниот професионален развој, што можат тренерите да направат да ги поттикнуваат наставниците постојано да се усовршуваат, ќе се споделат бесплатни видео материјали на повеќе теми од интерес и истражувања спроведени на оваа тема.
Секојдневно ќе се емитува по еден вебинар во утринските и попладневните часови.
Истражување од наставници за Континуираниот професионален развој
Датум: четврток, 27 ноември
Време: 14.00 и 21.00 часот
Во овој вебинар професорот Ричард Смит ќе зборува за истражувања кои може да ги спроведат наставниците. Ќе покаже како истражувањето се движи од идентификување на потребата, формулирање на прашања за истражувањето, до разјаснување на релевантни истражувачки методи и дејствување по однос на добиените информации.