Ноам Сохачевски
Date
Сабота 25 ноември 2017 - 16.00
Место: Јавна соба, Центар за дизајн и иновации 
Просторија: Коузи рум, поткровје
Презентер: Ноам Сохачевски

За предавањето

Мотото на Клубот за дизајн е: за да го направиме светот подобро место за живеење, во иднина мора да имаме повеќе дизајнери-алтруисти. Клубот за дизајн се залага за емпатија, соработка и развој на вештини кај децата и младите луѓе за решавање на проблеми. За време на проектите на Клубот за дизајн, младите учесници поминуваат низ 5 фази: дефинирање на дизајнерски предизвик, поистоветување со целна група на корисници, развој на идеја, прототип на решение и тестирање на решението за повратна информација од реалниот свет. Овие фази се суштината на проектите на Клубот за дизајн, како и научените лекции од едукацијата на децата за креативно размислување.

За Ноам

Ноам е ко-основач на Mint Digital, студио кое постои во Лондон и во Њујорк од 2004 година. Зад себе има повеќе од 15 години искуство во развој на дигитални производи и услуги, позитивно влијаејќи на животот на луѓето. Меѓу неговите клиенти се и Канал 4, Би-Би-Си, Теско, Националниот здравствен сервис на Англија, Кабинетот на Премиерот на Велика британија, Бенетон, Оксфам и многу други. Заминува од Mint при крајот на 2016 година во потрага по нов предизвик. Како резултат на неговиот интерес за дизајн и едукација, произлезе создавањето на Клубот за дизајн во почетокот на 2017 година. Искуствата од Клубот за дизајн тој ги споделува на Medium. Повеќе информации можете да најдете на веб страницата на Клубот за дизајн.

Споделете на социјални мрежи