Приоритети на програмите за уметност

ФИЛМ ВИЗУЕЛНА УМЕТНОСТ | МУЗИКА ВЕШТИНИ И ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ

Уметноста е основа на нашата мисија да создадеме пријателско знаење и разбирање помеѓу луѓето од Велика Британија и останатиот дел од светот. Пронаоѓаме нови начини на меѓусебно поврзување и разбирање преку уметностите, за да се развијат појаки креативни сектори низ светот кои се подобро поврзани со Велика Британија.

Нашата програма користи водечки светски иновации и креативност од Велика Британија со цел за позитивен и долготраен придонес кај луѓето, институциите и владите во земјите во кои работиме.

Го поврзуваме Западниот Балкан со стабилни модели од креативните индустрии во Велика Британија давајќи поддршка на индивидуалци и институции во развојот на културни претприемачки понуди. Поттикнуваме соработка меѓу различни уметнички сектори за промоција на поширока и постабилна ангажираност на публиката. Со инвестирање во професионален развој на нови практиканти во областа на културата, го развиваме регионалниот креативен екосистем. Претставуваме британски начин на споделување знаење и комуникација за создавање врски со земјите од регионот, подобрувајќи го напредокот преку уметностите.

 Преку уметностите, годишно се поврзуваме со повеќе од 7,000 професионалци и лидери во уметноста и културата, шириме информации до публика од 350,000 на копно и уште 1.5 милиони преку интернет и традиционални медиуми. Најважни делови на нашата програма