УНЕСКО, Британскиот Cовет и Италијанската Агенција за Развојна Соработка (AICS) ги здружија силите во управувањето со Културата и Креативноста за Западен Балкан (CC4WBs), програма финансирана од Европската Унија, чија цел е поттикнување на меѓукултурниот дијалог и подобрување на социо- економското влијание на културниот и креативниот сектор во Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија).

Преку широк партиципативен пристап насочен кон јавните институции, приватниот сектор, граѓанските (невладини) организации во културата, како и професионалци во секторот, програмата CC4WBs има за цел:

(1) подобрување на перформансите на културниот и креативниот сектор во Западен Балкан

(2) зајакнување на културната соработка во и со регионот и

(3) подобрување на инклузивното културно наследство за локален развој.

Фазата на планирање на програмата започна во април 2022 година, со цел да се организираат различни програмски насоки што ќе се одвиваат до април 2026 година.

Крајните корисници на програмата CC4WBs ќе бидат граѓани на Западен Балкан, кои ќе имаат различни можности да аплицираат за професионален развој и активности за градење на капацитети, како и финансирање од грантови во рамките на одредени теми.

Западен Балкан споделува богато и разновидно културно наследство и претставува енергична сцена за сите професионалци во креативната индустрија. Регионалната соработка и заедничко создавање бараат стимулации и поддршка, но тие се добро во тек.

Со својот голем број на таленти и амбициозните секторски двигатели на раст, културните и креативните индустрии претставуваат голема развојна можност за Западен Балкан.

Нашиве проектни активности

Споделете на социјални мрежи