About British Council Arts
©

Главна заслуга за фотографија: Белиот коњ на Марк Валингер (2013 година) изложен пред седиштето на Британскиот совет, пролетни градини, Лондон. Слика © Питер Вајт

Нашата работа во уметноста има за цел развивање на разнообразните култура, креативност и иновации на Обединетото Кралство во странство.

Ние работиме со најразлични уметнички форми и со најдобрите британски таленти во насока на развивање уметнички програми и можности за соработка во Северна Македонија.

Заднината на пликот е блог на нашиот архитектонски, дизајнерски и моден тим каде што се споделуваат новини поврзани со секторот во Обединетото Кралство и развивање на нови проекти низ светот.

Дознајте повеќе за работата на Британскиот совет во рамките на Креативната економија, чија цел е поддршка на работењето на нашата мрежа на креативни претприемачи, лидери во културата и творци на политики.

Британски совет - филм ги поврзува филмовите од Обединетото Кралство и творците на филмовите со нови меѓународни политики, профилирајќи ја иновацијата, разнообразноста и квалитетот на британските филмови ширум светот и наоѓајќи можности за креативна размена. 

Интернет-страницата Британски совет – литература содржи информации за тоа што работиме ние, проектите на кои работиме, новини од областа на литературата и издаваштвото во Обединетото Кралство, список на фестивали ширум светот и ресурси за обработка на модерната британска литература во училницата.

Музика oд електронска музика до џез, од традиционална до фолк, и од класична до инди, работиме со сите музички жанрови. Музичкиот тим има и своја неделна радиоемисија, Селектор, којашто ја емитува најдобрата нова музика од Обединетото Кралство. Дознајте повеќе за музиката на Британскиот совет тука.

Ние го промовираме најдоброто од областа на сценската уметност преку низа активности и настани, вклучувајќи турнеи на нови продукции, работилници, стажирања, семинари и конференции, изложби и студиски посети во Обединетото Кралство, организирани за учесници од странство. Дознајте повеќе за театарот и танцот.

Ние ги промовираме британските визуелни уметности преку низа активности и настани, вклучувајќи патувачки изложби, работилници, семинари и конференции. Истражете и прочитајте за нашата збирка од околу 8500 британски уметнички дела.

Споделете на социјални мрежи