На #Selector Radio се емитува најдобрата британска музика и новите таленти во преку 30 земји низ светот, и поврзува една глобална заедница на љубители на музиката од Шпанија до Кина секоја недела.
На неделното двочасовно шоу со Jamz Supernova се пушта музика од кој било бенд, кој било музичар од кој било жанр сѐ додека е нова и возбудлива. Jazz, grime, indie или electronica – или нешто помеѓу – Selector склопува навистина еклектична плејлиста со разговори со музичарите и дискографските куќи коишто се во фокусот на сцената.
Како една од водечките диџејки од следна генерација во Обединетот Кралство, JAMZ SUPERNOVA е многу страствена кога станува збор за нејзината работа. Инспирирана од Nina Las Vegas, Toddla T, Diplo, и Annie Mac, како диџејка којашто пушта музика во живо, Jamz пушта сѐ од UK Bass, Funky, Grime, Hip Hop, Jersey Club до GlobalSounds. Без пристрастност кон големите имиња и без обврска да ги задоволи дискографските куќи или музичките радио промотори, Selector одлучува кои музичари ќе ги пушта и интервјуира водејќи се по мисијата да го претстави дијапазонот на нова британска музика пред публиката, а не според тоа колку некој музичар е популарен или комерцијален.
Следете го Selector онлајн или на хаштагот #selectorradio и вклучете се во дискусијата за најновите случувања во музиката во светот. Вклучете се да го слушнете не само најдоброто од Британија, туку и стручно избраните звуци од целиот свет.
Слушајте го првото шоу на Jamz Supernova на Selector Radio тука.