Кризата со ковид-19 дополнително откри многу постоечки нееднаквости. Меѓу нив, сè поголем број студии, вклучително и некои кои доаѓаат од земјите од Западниот Балкан, детално пишуваат за тоа како пандемијата влијае на животот на луѓето на родов начин.
Како жените и мажите во регионот биле поинаку погодени од пандемијата и спрвавувањето со неа? Кои родови нееднаквости ги откри сегашната криза во различните земји од регионот? Што може да биде родова последица на оваа пандемија? Ова се некои од прашањата што ќе се дискутираат за време на онлајн панелот во вторник на 15 декември, од 13.00 до 14: 30 часот по македонско време.
Модераторка:
Д-р Елена Б. Ставревска е истражувач во Центарот за жени, мир и безбедност на Лондонската школа за економија и политички науки. Таа претходно работела како визитинг научен соработник на Институтот Крок за меѓународни мировни студии при Универзитетот во Нотр Дам, постдокторски предавач на колеџот Бард во Берлин и координатор и истражувач во проект финансиран од ЕУ „Култури на управување и решавање на конфликти во Европа и Индија“ на Централниот европски универзитет. Нејзината работа ги истражува прашањата за родот, меѓусебноста и политичката економија во општествата погодени од конфликти, со посебен фокус на Босна и Херцеговина и Колумбија.
Говорнички:
Д-р Ермира Данај е доктор по хумани и општествени науки на Универзитетот во Нојхател, Швајцарија. Од 2002 година, таа е коавтор и автор на разни истражувачки извештаи, книги, статии и други прилози поврзани со родови и феминистички студии со посебен фокус на Албанија и Балканот. Нејзините главни истражувачки интереси вклучуваат испитување на родот во комунистичка и посткомунистичка Албанија, феминистички активизам во постсоцијалистички земји, родова анализа на миграцијата, насилство врз жената и во семејството, на пазарот на трудот, итн. Во моментов таа е гостин предавач на феминистички студии и визитинг истражувач на Универзитетскиот институ во Лисабон.
Д-р Ана Мишковска Кајевска е истражувач и активист на Катедрата за политички науки на Универзитетот во Амстердам. Таму се стекнала со докторат по општествени науки и магистратура по социологија и родови студии. За нејзината докторска дисертација е добитник на докторската награда за род и политика во 2015 година на Европскиот конзорциум за политички истражувања и беше објавена под наслов „Феминистички активизам во војна: Феминистките во Белград и Загреб во 90-тите години на минатиот век“ (Рутлиџ, 2017). Книгата беше номинирана за наградата Џозеф Ротшилд во 2018 година за национализам и етнички студии. Покрај феминизмот, национализмот и военото насилство, Мишковска Кајевска е заинтересирана за граѓанскиот активизам, ЛГБТ прашања, градење мир и репродуктивни права и слободи на жените.
Маја Раичевиќ е извршна директорка на Центарот за женски права во Црна Гора. Во рамки на активностите на Центарот, таа работи директно со жени кои преживеале родово насилство и дискриминација, нудејќи им заштита и пристап до правда. Таа организира работилници за родова еднаквост, човекови права на жените и насилство врз жените за невладини организации, млади и за надлежни институции. Автор е на бројни извештаи и публикации за човекови права на жените и учествувала во подготовката на низа национални политики од областа на родовата еднаквост и родово базираното насилство.