British artists at Osten image
Date
Среда 21 Декември 2016 - 12.00
Локација
Британски совет во Македонија

Остен, Британскиот совет и Делегацијата на Европската уника во Скопје ја промовираат публикацијата „Британски уметници од колекцијата на Остен“ по повод 20-годишнината на Британски совет во Македонија и Биеналето на цртеж Скопје 2016 на Остен.

Промоцијата на публикацијата ќе биде збогатена со мини изложба на британски автори, вклучувајќи ги Мур, Хрст, Хамилтон, Хаџи-Василева (кои се дел од публикацијата) и Лангтон и Бенскин-Мешер (кои се дел од Биеналето на цртеж Скопје 2016). Посетителите ќе може да се сретнат со уметниците Мати Грунберг од Израел, Гидре Ришкуте од Литванија и Јошкин Шиљан од Србија.