Date
Вторник 08 Декември 2015 - 14.43 до Среда 09 Декември 2015 - 14.43
Локација
Хотел Radisson Blu Old Mill, Белград

Со оглед на брзо растечката невработеност во земјите од Западен Балкан која достигнува над 50%, државните и образовни институции како и водечките компании тежнеат да најдат решение што ќе донесе сигурна економска иднина.

Целта на меѓународната конференција ,,Гледаме кон иднината'' е да се зголеми свесноста за овиј проблем и да се покренат прашања поврзани со образование и вработување. Настанот ќе се одржи во конференциската сала на Хотелот во Белград на 8 и 9 декември 2015.

Заедно со нашите меѓународни партнери ќе донесеме претставници од владите, универзитетите, колеџи и компании од земјите на Западен Балкан и Велика Британија. На настанот ќе присуствуваат некои од најголемите работодавачи од секторот туризам како и од образовните институции од Западен Балкан.

За повеќе информации контактирајте го Александар Борисављевич.

Оваа конференција е дел од проектот Вклученост на работодавачите и реформа на стручното образование и обука кој го спроведува Британски совет во соработка со форин офис.

Споделете на социјални мрежи