Оваа година за првпат организираме регионален настан за стручен и кариерен развој Skills Show: Сараево 2016. Целта на овој настан е да ги поврзе комерцијалниот и образовниот сектор за да се подобри севкупниот квалитет на образованието во регионот и да се мотивираат младите да одберат стручно училиште. Шоуто за вештини ќе се одржи на 16 и 17 декември 2016 во Сараево и ќе се фокусира на иновации, вработливост кај младите, позитивни практики и достигнувања од Западен Балкан и Велика Британија. Исто така сакаме да ги приближиме претставниците на работодавачите и нивните потенцијални идни вработени.
Програмата ќе ги опфати следните четири индустриски сектори:
- здравје и убавина
- туризам и услужни дејности
- дрво и градежништво
- ИТ и инженерство
Шоуто за вештини Сараево 2016 ќе се состои од следните компоненти:
- Изложба и шоу за вештини – овој дел од настанот им нуди простор на претставниците на работодавачите и стручните училишта да разменуваат идеи, споделат работа, производи и презентации за иновации и за нивна успешна примена. Исто така, учениците ќе учествуваат во натпревар под менторство на наставници и работодавачи за да ги откријат своите таленти и да ги прикажат вештините.
- Конференција „Прво работно искуство“ – меѓународна конференција на која ќе се соберат регионални работодавачи, претставници на образовните власти и институции, меѓународни и невладини организации и други чинители што се фокусирани на вработливоста на младите. Ќе ги собереме на едно место носителите на одлуки од Западен Балкан за да ги споделат искуствата, да дискутираат и да создадат можни препораки за развивање на вештини, реформи во образованието и вработливоста на младите во регионот.
- Хаб за учење и споделување – Хабот за учење и споделување ќе биде дел од програмата каде што паралелни сесии ќе се одвиваат во секој индустриски сектор што е опфатен.