Young enrepreneur image
Date
Понеделник 18 Јануари 2016 - 09.00 до Сабота 23 Јануари 2016 - 18.00
Локација
Скопје

Дали имате 21 до 30 години? Имате идеја за креативен бизнис? Дали имате намера да почнете или од скоро сте започнале свој бизнис? Дали сте дел од некој бизнис инкубатор или акцелератор, а при тоа имате и солидно познавање на англискиот јазик?

Ве покануваме да се пријавите на нашата бесплатна шестдневна обука за млади претприемачи во Скопје од 18 до 23 јануари 2016 година, која ќе ја водат сертифицирани обучувачи на Неста од Велика Британија. Очекуваме пријави од претприемачи кои делуваат во некој од креативните сектори, како што се дефинирани во листата на креативни индустрии во Велика Британија.

Не ја пропуштајте и можноста, преку учеството на оваа обука, да се натпреварувате со бизнис идеи и да победите!

За повеќе информации, погледнете го описот на обуката и пријавете се најдоцна до 31 декември 2015 година.

Оваа обука е дел од регионален проект насловен како „Поттикнување на младинското претприемаштво во Западен Балкан“. Проектот го спроведуваме со поддршка на Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство и Северна Ирска (Форин офис). Целта на проектот е да даде поддршка на младите луѓе од регионот да започнат свој бизнис, како и да ги унапреди нивните вештини за вработување преку квалитетна програма на обука и искуства од Обединетото Кралство. Исто така, цел на проектот е и да ги поттикне носителите на одлуки во земјите од Западен Балкан да може да одговорат на потребите на следната генерација млади претприемачи.

Дознајте повеќе на www.westernbalkanstartups.com/ и следете нè на #WesternBalkanStartups.