Western Balkan Startups publication title image
Date
Четврток 23 June 2016 - 15.00
Локација
МКЦ клуб и ресторант

Подготвивме публикација со ресурси за млади претприемачи во соработка со институции, креативни хабови, технолошки инкубатори и претприемачи од пет земји од регионот и Велика Британија.  

Ги искористивме препораките на образовните институции, државни агенции, деловната заедница и младинските организации за тоа како да им се помогне на претприемачите, собравме искуства од обуки за млади стартапи, најдовме примери за тоа зошто предизвиците и натпреварите се корисни за пробив на новите идеи и направивме мал преглед на претприемачкиот екосистем во Лондон и Велика Британија. Сето ова го збогативме со ресурси за стартап заедницата, настаните, ко-воркинг  локациите и можностите за финансирање на претприемачите од Западен Балкан.

Свесни сме дека листата не е исцрпена, но може да биде добра основа за градење на професионалната мрежа.

Публикацијата која ја промовираме произлезе од проектот „Поттикнување на младинско претпремништво во Западен Балкан“ кој го реализиравме изминатите осум месеци со поддршка на Британското министерство за надворешни работи. Сите присутни ќе добијат примерок од прирачникот, кој може да се најде и на www.westernbalkanstartups.com

 

Следете новости со #WesternBalkanStartups