Тест за проценка на познавање на англискиот јазик создаден според вашите потреби.

Британски совет има најмалку осумдесетгодишно искуство во предавање и спроведување испити по англиски јазик ширум светот.

Проценката на познавањето на англискиот јазик ја вршат нашите врвни експерти од оваа област и се темели на опширно истражување. Врз основа на нашето знаење и искуство, консултациите кои ги нудиме за проценката на познавање на англискиот јазик се согласно меѓународните стандарди.

Нашиот тим за испити соработува со министерства и образовни институции, на кои им дава поддршка и совети за иницијативите и проектите за подобрување на системот на оценување. Соработуваме и со голем број чинители, од креатори на политики до наставници, со цел да овозможиме испити кои се соодветни со локалните образовни системи и да добиеме позитивен исход. 

Ова го реализираме со:

  • држење обуки за оценување;
  • евалуација на постоечките системи за оценување;
  • примена на практики за проверка на контрола на квалитетот; 
  • спроведување и реализација на проекти кои опфаќаат тестирање на голем број кандидати; 
  • советување за обмислување и создавање одржливи локализирани системи за оценување; 
  • усогласување на алатките за оценување со Заедничката европска референтна рамка за јазици и други рамки.  

Посветено работиме на одржливоста на проектите и го поддржуваме градењето на капацитетот на локалните тимови, со цел се овозможи оценување кое ќе биде во согласност со меѓународните стандарди.