Како да дознаете дали вашиот тим ги поседува вештините по англиски јазик кои му се потребни на вашиот бизнис?

Аптис ви дава прецизен увид во нивоата на вештини по англиски јазик на вашите вработени или на потенцијалните кандидати. 

Сето ова ви ги поедноставува следните активности:

  • вработување и унапредување на вистински луѓе;
  • фокусирање на обуката на најдобрите области за да се добие враќање на инвестираното;
  • идентификување на вештините по англиски јазик, силните и слабите страни на вашите вработени;

Зошто да го одберете Aптис?

  •  Аптис се одржува на место и во време според ваш избор што го прави едноставен за закажување; 
  •  Испитот е структуриран да процени различни јазични вештини - читање, пишување, зборување и слушање, со граматика и вокабулар како основен дел;
  •  Вие го одбирате само она што е релевантно за вашиот бизнис; 
  •  Испитот е компјутерски оформен,а резултатите се достапни најдоцна после 48 часа;
  •  Вие можете да проценувате со ист тест и во исто време различни нивоа на познавање на јазикот од ниво А1 до ниво Ц, што ќе ви овозможи точно да ги оцените како луѓето со многу високо, така и луѓето со многу ниско ниво на англиски јазик.

Кои типови бизниси го користат Аптис?

АДЕКО ПОЛСКА – ПОДРУЖНИЦА НА АДЕКО ГЛОБАЛ, ВОДЕЧКИ МЕЃУНАРОДЕН ПРОВАЈДЕР НА ЧР РЕШЕНИЈА

Адеко го користи Аптис за тестирање на нивоата на англиски јазик на вработените коишто директно работат со клиентите во приемниот центар и чијашто главна задача е да ги забележуваат барањата во врска со услугата на надворешните клиенти од  EMEA на дури 11 јазици. 

НЕТСОЛ ТЕХНОЛОЏИС АД, МЕЃУНАРОДЕН ИТ ПРОВАЈДЕР ВО ОБЛАСТА НА ФИНАНСИИ И ЛИЗИНГ

Нетсол го користи Аптис како ориентир за барањата на англиски јазик за различни работни улоги и го проценува нивото на јазичните вештини на вработените за анализа на потребите од обуки во работата со цел да се доведат до посакуваното ниво. Дополнително, Аптис бил користен за регрутирање за да се зголеми ефикасноста на целиот процес. 

Дополнителни страници