Со Аптис е многу едноставно да се измери и да се процени развојот на вештините по англиски јазик во вашата организација. Како меѓународно ориентиран испит по англиски јазик, истиот е доволно флексибилен за да биде испорачан во која било средина и погоден за секој кандидат независно од нивото на вештините во моментот. 

  • Како министерство, или како невладина организација, вие со Аптис можете ги надополните вашите тековни проекти за развој на англискиот јазик. Доколку се користи на почетокот, на средината или на крајот на секоја обука, испитот може прецизно да го евалуира напредокот на кандидатите.
  • Исто така, можете да го користите Аптис како алатка за ревизија, за да се одредат обуки потребни за различна публика.
  • Ние можеме да го персонализираме Аптис  за тој да одговори на вашите потреби.

Зошто да го користите Аптис?

  • Аптис е структуриран да процени различни јазични вештини – читање, пишување, зборување и слушање со граматика и речник во неговата основа.
  • Вие го одбирате само она што е важно за вашиот проект.
  • Аптис може да биде одржан во време кога вам ви одговара и да процени различни нивоа на познавање на јазикот од ниво А1 до ниво Ц, што ви овозможува со ист тест и во исто време точно да ги оцените како луѓето со многу високо така и луѓето со многу ниско ниво на англиски јазик.

Надворешни врски 

Аптис студија на случај: Образовен одбор на Руанда 

Аптис студија на случај: Биро за надворешно вработување на Шри Ланка