Аптис за наставници е варијанта на општа верзија. Тој може да се користи од страна на министерствата за обрзование и од образовните институции од целиот свет за тестирање на вештините по англиски јазик на наставниците, или пак студентите-учесници во програми за обука на наставници. Тој е специјално дизајниран за образовниот сектор; може да биде целосно интегриран во постоечките системи и насочен на локално ниво, овозможувајќи нивоата на англиски јазик на наставниците да се следат во текот на времето и ефикасно да се измери успехот на програмите за обука. 

Структурата и времетраењето на Аптис за наставници се исти како и за Аптис Општата верзија; меѓутоа, содржината на испитот конкретно се однесува на наставници а прашањата начнуваат теми и сценарија со кои наставниците се среќаваат секојдневно. Како резултат на тоа, прашањата се познати, со што на кандидатите им се овозможува да се концентрираат единствено на јазикот, а не на содржината на прашањето.

Аптис за наставници може да се користи за тестирање на:

  • Наставници / Професори по други предмети во училишта и на универзитети;
  • Студенти на универзитетски, или програми за обука на наставници;
  • Други професионалци кои работат во образовни институции и слични контексти.