Како правилно да ги процените вештините по англиски јазик 

Аптис е меѓународно нацочен испит по англиски јазик кој можете да го користите:

  • како дел од вашата програма за развој на англискиот јазик;
  • како алатка за ревизија со цел да се идентификуваат потребите од обука на вашите наставници / професори;
  • на почетокот, на средината и на крајот на вашата академска година за евалуирање на ефективноста на вашата програма по англиски јазик;
  • за идентификување на силни и слаби страни на кандидатите; 

Придобивки

  • Аптис користи сценарија релевантни за секој поеднинечен кандидат; 
  • Испитот проценува една вештина - читање, пишување, зборување и слушање или комбинација од вештини;
  • Вештините на зборување и на пишување се оценувани од страна на тим на експерти со што се гарантира високо ниво на точност; 
  • Аптис може да биде понуден во многу формати, во секое време, на секое место со брзо известување за резултатите.

Аптис е флексибилен, фер и авторитетен испит кој ви овозможува веродостојно да ги оцените вашите наставници / професори и обезбедува точна и издржана евалуација на способности по англиски јазик. 

Перформансите се меѓународен ориентир на Заедничката европска референтна рамка за јазици, па затоа е лесно е да се увиди каде е потребно подобрување, со што се овозможува курсевите или обуките по англиски јазик да бидат соодветно составени.

Испитот може да биде интегриран како алатка за пред и по проценката во развојната програма на вашето училиште, колеџ, или универзитет – без разлика дали се работи за лице-в-лице подучување, е-учење, или мешана обука/решение за настава.

Зошто Aптис е посебен за да го примените во вашата институција?

  • Вие можете да комбинирате и да спарувате кои било вештини што сакате да ги тестирате (пишување, читање, зборување и слушање);
  • Испитот Аптис е анализиран од страна на експертите за англиски јазик на Британски совет;
  • Ќе добиете индивидуални и групни извештаи со детали за постигнувањата кај секоја тестирана вештина;
  • Имате слобода да го одберете датумот за испитот согласно вашиот распоред.

Какви типови институции го користат Аптис?

Типовите на институции кои го користат Аптис се министерства, универзитети, училишта за странски јазици, меѓународни и приватни училишта.

Надворешни врски 

Аптис студија на случај: Пенџаб Образование