Каде сакате да го полагате испитот Аптис?

Испитот Аптис редовно се полага на 3 локации во Македонија:

Скопје

  • во деловните простории на Бритaнски совет, на следниве датуми (местата се ограничени):

03.02.2018 (пријавување и уплата до петок 02.02.2018 до 12 часот)

05.02.2018 (пријавување и уплата до петок 02.02.2018 до 12 часот)

07.02.2018 (пријавување и уплата до понеделник 05.02.2018 до 12 часот)

20.02.2018

13.03.2018

11.04.2018

08.05.2018

19.06.2018

Битола

Штип

Резултати

Резултат на скала 0-50 се дава за секоја тестирана вештина а него можете да го искористите за правење на споредба помеѓу поединечни кандидати. Тој, исто така, служи за мерење на напредокот доколку кандидатите повторно го полагаат испитот.

Вие можете да одберете да ги видите резултатите еден по еден, или во групен формат, со што ви се овозможува да ги анализирате поединечните перформанси и перформансите на секторите како целина.  

ЦЕНОВНИК за 2018 година

Одберете ја oпцијата за тестирање со Аптис што најдобро одговара на вашите потреби.

Аптис – граматика & вокабулар + слушањеИЛИчитање MKD 1,500.00
Аптис – граматика & вокабулар + слушање+ читање MKD 1,850.00
Аптис – граматика & вокабулар + пишување MKD 1,850.00
Аптис – граматика & вокабулар + зборување MKD 1,850.00
Аптис – граматика & вокабулар + + Writing + Speaking MKD 2,900.00
Аптис – граматика & вокабулар +   слушањеИЛИчитање +  зборување MKD 2,900.00
Аптис – граматика & вокабулар +  слушањеИЛИчитање +  пишување MKD 2,900.00
Аптис – граматика & вокабулар +  слушање+ читање +  зборување MKD 3,800.00
Аптис – граматика & вокабулар +  слушање+ читање +  пишување MKD 3,800.00
Аптис – граматика & вокабулар +  слушањеИЛИчитање +  зборување +  пишување MKD 3,800.00
Аптис – сите 4 вештини MKD 4,500.00

Флексибилен формат за испорака

Можеме да го администрираме Аптис преку компјутерски базиран метод:

Компјутерски базирано тестирање 

Најлесниот начин да се полага Аптис е полагање преку компјутерски базирана верзија која:

  • се испорачува на вашето работно место кога вам ви одговара;
  • тестот на заинтересираните им овозможува да го полагаат испитот во различно време, погодно за нив и нивниот бизнис;
  • обезбедува брзи резултати;
  • е рентабилен метод на испорака.

Брзо и ефикасно договарање на резултати

Можеме за вашите потреби за тестирање да имплементираме решение со 48-часовен период од поднесувањето на тестот до соопштување на резултатите. Во прилог на ова, вештините на зборување и пишување се оценуваат брзо од страна на експертите на Британски совет.

Соодветствува на вашите деловни потреби

  • Одберете онолку јазични вештини колку што ви се потребни (пишување, читање, зборување, или слушање) или одберете ги сите четири тестови приспособен за вашата област (на пример, бизнис, патувања, туризам или образование).
  • Фокусирајте се на проблемите кај деловните перформанси кои сакате да ги адресирате: останете конкурентни и заштитете ја вашата репутација.

Фер и сигурен

Аптис на кандидатите им пружа еднакви можности да ги покажат своите најдобри способности во поглед на јазикот. Испитот е специјално развиван да биде културно неутрален обезбедувајќи платформа на фер тестирање за сите кандидати. 

Постојат повеќе верзии на прашања за Аптис испитот со постојано воведување на нови материјали. Ова значи дека кандидатите нема да ги добијат истите прашања како оние кои седат покрај нив. 

Точни и веродостојни резултати

Имаме повеќе од 70-годишно искуство во оценување на англискиот јазик. 

Аптис резултатите се точни и веродостојни: истражувањата покажуваа дека кандидатите во повеќе обиди добиваат слични резултати додека нашите испитувачи-експерти ги забележуваат вештините по пишување и зборување. Посетете ја нашата веб-страница за да добиете повеќе информации околу нашето научно истражување во однос на тестирање на јазична вештина. 

 Резултатите кои ги добивате се во согласност на Заедничката европска референтна рамка за јазици. Испитот дава севкупно ЦЕФР ниво за секоја тестирана вештина (А1-Ц). Доколку ги тестирате сите четири вештини ќе добиете извештај којшто се однесува на општото ЦЕФР ниво. ЦЕФР глобално се користи како референтна рамка за способности за познавањето на англиски јазик.