Premier Skills Brazil 2014 puzzle image
Premier Skills Brazil 2014 puzzle image

32 фудбалери - 32 држави - 32 награди!

Ова лето во Бразил ќе се одржи најголемиот фудбалски натпревар. 32 земји ќе се натпреваруваат за Светскиот куп, највисоката награда во фудбалот. За да го прославиме овој настан, нашиот портал за учење англиски со фудбал секој ден, 32 дена по ред, ќе доделува фантастични награди на својата страница посветена на Бразил 2014.

Учествувајте во нашата игра на Premier Skills English!

Сите вие кои учите англиски јазик и го сакате фудбалот може да освоите Самсунг Галакси таблет ако решите една од загатките кои ги нудиме. Во секоја загатка, нудиме слика и неколку насоки кои водат кон идентитетот и националноста на меѓународна фудбалска ѕвезда од една од земјите кои учествуваат на Мундијалот.

Регистрирајте се на Premier Skills English и напишете го името на фудбалерот и земјата од која потекнува во делот за коментари на страницата. Погледнете ја сликата и прочитајте ги дадените реченици кои ќе ви помогнат во одговорите. 

Секој ден, во следните 32 дена ќе имаме нов предизвик и нова награда!

 

Бидете дел од нашата игра!

www.britishcouncil.org/premierskills