Learn English apps ©

Mat Wright, British Council Photos

Британскиот совет за вас подготви голем број апликации за учење англиски јазик на мобилен телефон. Може да учите англиски преку игри, аудио и видео клипови и квизови. Овие апликации ви помагаат да  го унапредите своето познавање од граматиката, да го проширите фондот на зборови и да се подготвите за испит.

Усовршете ја граматиката со нашата интерактивна работна тетратка. Вежбите се од почетно до напредно ниво. Постојат две верзии на оваа апликација: англиска и американска.

Интерактивната табела со изговор на гласовите вклучуваизговор на самогласките, согласкитеи дифтонзите, а содржи и аудио репродукција на фонемите и примери од зборови во кои тие се изговараат.

Гледајте ги нашите најпопуларни аудио и видео клипови за да ги подобрите своите вештини за разбирање на говорниот англиски.Секојаудио и видео клип вклучува транскрипт и вежби за разбирање.

Бидете брзи и одговорете на што поголем број граматички прашања и прашања за вокабулар во 60 секунди! Низ квизот од почетно до напредно ниво ве води Johnny Grammar.

Нашата Playtime апликација за деца има анимирани песни, приказни и игри кои се дизајнирани од стручњаци за учење јазик во Британски совет. Преземете ги сите видеа за да може да ги гледате кога сакате, дури и без интернет пристап.

Потребни ви се повеќе информации?

Доколку сакате да дознаете повеќе за нашите апликации, ве молиме посетете ја нашата веб-страница за учење англиски.

Споделете на социјални мрежи