Детска видео серија за учење на англиски

Нашата бесплатна Јутјуб серија „Време за учење со Тими“ ќе им помогне на Вашите деца да учат англиски дома, а во исто време и да се забавуваат. Создадена со студиото Ардман, добитник на Оскар, серијата го носи најдоброто од она што го работиме на час во Вашиот дом. 

„Време за учење со Тими“ содржи 26 петминутни епизоди и песни со кои учењето е навистина забавно. Вашето дете ќе открие нови зборови, ќе пее со песничките и ќе учествува во активностите со Тими и неговите другарчиња! 

Приказните на Тими се ср’жта на серијата и тие им овозможуваат на децата да научат нови зборови во контекст. На овој начин ќе им се збогати речникот и ќе се развијат нивната креативност и имагинација – секоја епизода има различни резултати од учење. 

За кого е наменета „Време за учење со Тими“?

„Време за учење со Тими“ е предвидена за деца на возраст од две до шест години кои учат англиски како дополнителен јазик. Со воведување на англискиот јазик кај деца на возраст од два до шест години тие ќе можат да:

  • учат англиски кога тоа им е најприродно
  • да учат англиски на најдобра возраст за совладување на добар изговор
  • ги подобрат јазичните вештини и самодоверба.  

„Време за учење со Тими“ содржи и апликации за учење и бесплатен онлајн курс за родители и наставници.

Споделете на социјални мрежи