САЈМОН ВИЛКИНСОН

Уште од почетокот на 90-те, Сајмон Вилкинсон создава и е куратор на тридимензионални искуства и настани, иако дури во средината на 2000-те зборот „тридимензионално“ почна да се користи во врска со неговата работа. Пред 2000 создаваше интерактивни филмски искуства, до 2010 г. создаваше виртуелна реалност, а набрзо потоа почна да создава големи трансмедиумски светови со комбинација на интернет, перформанс, видео игри, аудиовизуелно, ВР, АР, вештачка интелигенција и жива електронска музика. Неговите први ВР дела беа дистрибуирани под името il pixel rosso, а во 2011 го создаде CiRCA69 за неговите трансмедиумски дела. Неговите дела биле изложени во Тејт Модерн а во последните три години неговата најнова колекција на ВР инсталации, под колективно име „Додека другите спиеја“, беше на светска турнеја во 25 земји на шест континенти. 

МАЈРА АПАНА

Мајра Апана, сценаристка и режисерка од Лондон, го истражува раскажувањето во филм, театар, со техонологија и епизодни форми. Во комерцијална смисла таа раскажува приказни за фирми како Адидас, Лего и Гинис. Во креативна смисла, раскажува приказни што се отворени за сите. Како сценаристка, продуцентка и режисерка, таа создава искуства каде што се мешаат границите меѓу реалното и нереалното. 

ГОРАСТ ЦВЕТКОВСКИ

Гораст Цветковски е фронт-енд автор на игри од Скопје, Македонија.

Заедно ГГМК Групацијата континуирано создава производи што ја обединуваат гејмерската заедница во Македонија. До пред пет години оваа заедница беше раштркана на многу делови и практично не постоеше. Во моментов, ГГ има повеќе од 10.000 фанови. Од друга страна, Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА го покрива сегментот на творци на игри. Со овие два производи се обидуваме да го донесеме целиот интерактивен и гејмерски свет на ниво што не заостанува зад другите земји во регионот и светот. Со голема сигурност можеме да кажеме дека ги остваривме, па дури и ги надминавме нашите цели.