Golden Dawn Sequence

Современите конфликти се почесто се случуваат во густо населени и медијатизирани средини. Многубројни се наводите за прекршување на човековите права што се случуваат таму, но тие често се изобличени или едноставно замолчени од официјалните приказни. Пристапот за да се води истрага до овие места главно е привилегија на државата.

Forensic architecture, мултидисциплинарна истражувачка агенција од Голдсмитс, Универзитет Лондон, прави просторно-временска анализа на места на злосторства во обид да најде скриени докази и да ги направи достапни за јавен дијалог. Во свет на алтернативни факти и се поголем надзор, оваа група го врти погледот кон внатре преку истражувачка пракса што ги поврзува областите на активизам, наука, технологија и естетика.

Unearthing State Violence, предавање и работилница

Предавањето и работилницата на Симон Роват и Стефанос Левидис ги организира Музејот за современа уметност – Скопје како дел од нивната интердисциплинарна програма Радикално образование, во соработка со Британски совет, како дел од нивната програма PLAYUK. Подолу може да ги најдете нивните биографии.

FA

СИМОН РОВАТ | ФИЛМAЏИЈА И ИСТРАЖУВАЧ

Симон Роват е уметница и филмаџија во Forensic Architecture. Дипломирала уметничка фотографија на Кралскиот колеџ за уметност, а има и диплома од Школата за уметност Слејд при Универзитетскиот Колеџ Лондон. Нејзините филмови се занимаваат со трауматски спомени, симулација и невропластичност. Симон се приклучи на тимот на Forensic Architecture во 2016, каде што помага во продукција на видеа со сведоштва на сведоци од затворот Саиднаја во Сирија.

СТЕФАНОС ЛЕВИДИС | ИСТРАЖУВАЧ / ДОКТОРАНД

Стефанос Левидис ги заврши студиите по архитектура на Школата за архитектура Бартлет, Универзитетски Колеџ Лондон, и има магистратура од Институтот за напредна архитектура во Каталонија, каде што и предавал дизајн и дигитално/роботско производство. Во моментов е докторанд на Центарот за истражување архитектура, Голдсмитс Универзитет. Неговата работа се движи меѓу теорија, просторна пракса, филм и активизам и се применува во ова поле и било изложена во меѓународни рамки. Стефанос е истражувач во Forensic Architecture од октомври 2016 година.

Споделете на социјални мрежи