Семинари во Велика Британија
Семинари во Велика Британија

Британски совет нуди серија семинари и работилници низ Обединетото Кралство кои се наменети за високи владини претставници, лица кои се на работни позиции да донесуваат одлуки, за работодавачи и организации на работодавачи, претставници од донаторски агенции и висок наставен кадар.

Секој семинар и работилница ќе се фокусира на една централна тема  од областа на техничкото образование и вештини. Обуките имаат за цел да им помогнат на делегатите да развијат сопствени национални решенија преку разгледување на постоечките практики. Организирани се и посети на релевантни организации. Превземете подетални информации за серијата семинари во Обединетото Кралство тука.

Семинари и работилници

Јуни 2014 година

Септември 2014 година

Обезбедување квалитет во техничкото образование и вештини

22-26 септември 2014 година, Лондон

Цена: 700 фунти

Октомври 2014 година

Кариерно образование и водич за глобалната економија

20-24 октомври 2014 година, Белфаст, Северна Ирска

Цена: 700 фунти

Јануари 2015 година

Развивање Национални стандарди на занимања

28-29 јануари 2015 година, Лондон 

Цена: 400 фунти

Февруари 2015 година

Вклучување на работодавачите и  стажирање, техничка работилница

23–27 февруари 2015 година, Лондон

Цена: 700 фунти

Информации за регистрација

За да обезбедите место на семинарите и работилниците, контактирајте нè.