Воведувањето на Законот за Националната рамка на квалификации во 2013 претставува почеток во спроведување на конкретни активности за негова имплементација во Република Македонија. Со вклучување на клучните структури и партнери од владата, заедницата на социјалните партнери, провајдерите на образование и обука, експерти и меѓународни организации, чекориме кон подготовка на саканата динамика што ќе доведе до успешен заеднички почеток.
Како член на Советодавната група за Европската рамка на квалификации (ЕКР), Р Македонија учествува во имплементацијата на индикаторите кои произлегуваат од препораките на ЕКР, т.е. повикување на ЕКР.
Националните и меѓународните партнери, во соработка со релевантните лица, ќе споделат искуства за клучните научени лекции од националните и меѓународните практики на работилница која ќе се одржи на 22 и 23 мај 2014 година во Центарот за конференции и студии при Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, на која ќе донесат заклучоци како да се повикаат на ЕКР.
Работилницата е организирана од страна на Министерството за образование и наука, Европската Тренинг Фондација и Британски совет.