On-line teaching resources
On-line teaching resources

Ако сте наставник по англиски јазик што бара професионална надградба, но сте премногу зафатени да патувате и да учествувате на обука која се одржува на одреден датум и локација, нашите онлајн курсеви би можеле да бидат вистинското решение за вас.

Модерирани од квалификувани и искусни обучувачи кои работат во групи со наставници од различни земји, овие обуки ќе ви понудат практични активности и идеи што може да ги примените веднаш на вашите часови. Тие се организираат неколку пати годишно.

Онлајн обуките почнуваат на 8 февруари 2016г, со исклучок на CLIL, кој почнува на 15 февруари 2016г. Дознајте повеќе и контактирајте нè ако имате дополнителни прашања.

Сите информации за како да се пријавите и цената на обуките се дадени во пријавата подолу.

Learning Technologies for Business English Teachers (обука за самостојно учење)

За кого е наменет: 

Овој курс е наменет за наставници кои предаваат деловен англиски јазик и кои имаат кратко или подолго работно искуство. Курсот има за цел да ги подобри методите на работа на наставниците и да им помогне да реализираат часови на кои учесниците ќе бидат поактивни, со што ќе ги постигнат педагошките цели.

Времетраење: 27 часа во период од 2 месеци

Потребно ниво на англиски јазик: Б1+

Секоја онлајн тема (ги има вкупно 10) трае околу 2.5 часа и изобилува со линкови и видео демонстрации. Во темите се разработуваат широк спектар на практични идеи и веб ресурси кои наставниците директно може да ги користат со своите ученици.

Повеќе информации тука.

Steps to Success (обука за самостојно учење)

За кого е наменета: 

Оваа обука е наменета за студенти кои студираат англиски јазик и се во 4 година – наставна насока или за наставници кои имаат до две години работно искуство. Соодветна е за наставници кои работат во основно, средно и високо образование или во приватниот сектор.  

Целта на обуката е: 

• наставниците да стекнат нови познавања од методологијата, од подготовката на наставен час и оценувањето 

• запознавање со комуникативната настава во која фокусот е на ученикот 

• наставниците да имаат можност да вршат опсервација и да испробаат нови ресурси и методи 

• поврзување на стекнатите идеи од обуката со контекстот во кој работи наставникот  

• развивање на само-рефлексијата и вештините за професионално усовршување 

Времетраење: 

35 часа во период од 12 седмици  

Потребно ниво на познавање на англиски јазик: B1+ 

Повеќе информации тука.

Special Educational Needs (обука за самостојно учење и со модератор)

Предавање англиски – курс за посебни образовни потреби е онлајн курс наменет за наставници кои предаваат англиски јазик во основно и средно образование, и секако, за наставниците кои работат со деца со посебни потреби.

Обуката има за цел:

  • да ја подигне свеста на наставниците за ставот кон предавањето на ученици со посебни образовни потреби
  • да им помогне да ги утврдат и да ги надминат своите предрасуди
  • да ги информира наставниците за опсегот на посебни образовни потреби и за тоа како тие влијаат врз наставата и учењето
  • да им понуди наставни стратегии со кои се промовира инклузивното учење од кои ќе имаат корист и сите ученици
  • да се насочат наставниците во развојот на инклузивен пристап во одделението или училиштето
  • да станат посигурни наставници кога работат со ученици со посебни образовни потреби.

Потребно ниво на англиски јазик: B1+

Предавање англиски – курс за посебни образовни потреби може да се спроведе на два начина:

  • 100% самостоен пристап на учење, но без оценување од страна на модератор
  • со портфолио оценето од модератор (треба да поминете најмалку 8 теми)

Научете повеќе за поединечните модули.

Communicative Assessment Online Course (обука за самостојно учење)

Комуникативно оценување е кратка 20 часовна самостојна обука за наставници по англиски јазик и испитувачи кои сакаат да дознаат повеќе за новите приоди кон оценувањето и тестирањето.  Обуката нуди корисни ресурси, вежби, активности за дискусии и можност наставниците да креираат задачи за оценување кои се соодветни за средината во која работат.  Наменета е за наставници кои работат во основно, средно и високо образование или пак во приватниот сектор.

Целите на обуката се да им се помогне на наставниците да:
• идентификуваат некои од клучните области поврзани со комуникативниот приод на предавање
• се фокусираат на оценувањето и тестирањето во комуникативниот приод при предавање на англискиот јазик
• ја поврзат теоријата на оценување директно со креирањето на тестови и материјалите за оценување
• се фокусираат на тестирањето на секоја вештина поединечно, како и на интегрираното тестирање кое ги опфаќа сите вештини

Курсот се состои од најмалку 20 часа онлајн обука во која се обработуваат 10 теми.

Обуката за „Комуникативно оценување“ е самостојна обука која не ја води модератор. Секој учесник добива корисничко име и лозинка за да може да пристапи кон обуката која се наоѓа на Moodle платформа. До Moodle се пристапува од персонален компјутер, дури и со слаба интернет конекција.

Повеќе информации тука.

Проследете го видеото со повеќе информации за овој курс.

CLIL Essentials (обука со модератор)

Ова е онлајн курс за наставници што предаваат предмети како географија, историја, математика и наука (физика, хемија и биологија) на англиски во државните и во приватните училишта. Курсот е наменет за искусни наставници од основно и средно образование, но и за оние наставници кои предаваат англиски јазик и им даваат поддршка на предметните наставници, или за предметни наставници што работат во контекст на интегрираното учење на содржина и јазик.

Дознајте повеќе за овој курс.

CISELT (обука со модератор)

Овој курс е наменет за наставници-практичари со ниво на англиски јазик В1 и повисоко, кои работат со ученици на возраст од 11 до 18 години. Ова е модуларен курс за обука, базиран на практична методологија и задачи.

Станува збор за програма на две нивоа, организирана како два одделни курса:

  • Сертификат за настава по англиски јазик во средно образование: Напреден - се фокусира на методолошки прашања и е наменет за наставници со приближно две години искуство.
  • Сертификат за настава по англиски јазик во средно образование: Специјализиран- се фокусира на постручни теми и на приодите за развивање креативна настава и пристап кон учењето.

За повеќе информации, контактирајте ја Светлана Нефтенова, нашиот координатор на проекти.

TKT Essentials (обука со модератор)

TKTEssentials претставува вовед во методологијата за предавање на англиски јазик за оние наставници кои сакаат да се здобијат со повеќе знаења од областа на комуникативното предавање на јазикот. Обуката е соодветна за наставници почетници кои сакаат да се запознаат со клучните концепти и за наставници кои имаат подолго работно искуство кои сакаат да ја надградат методологијата.

TKTEssentials се состои од три модули и се организира во две одделни обуки: TKT Модул 1 и TKT Модули 2 и 3.

Primary Essentials (обука со модератор)

PrimaryEssentials е наменет за наставници кои предаваат англиски јазик во државниот и приватниот сектор или пак за наставници кои сакаат да предаваат во основно училиште.

Доколку сакате да добиете основни познавања како да им пристапите на учениците на возраст од 7 – 11 години, тогаш оваа обука е за вас. Преку користење на видеа, аудио материјали и форуми за дискусија, ќе навлезете во основата која ќе ви помогне да бидете успешни наставници.

Научете повеќе за содржината на курсот.

Learning Technologies for the Classroom (обука за самостојно учење и со модератор)

Оваа обука претставува вовед во главните аспекти за користење на новата технологија во наставата. Модулите покриваат низа веб технологии  -  темите кои се обработуваат се користење на интернетот, безбедноста на учениците на интернет, користење на MSOffice апликации, користење на онлајн видео и аудио материјали и користење на социјалните мрежи и други веб технологии за образовни цели.

Дознајте повеќе.

 

Сите наши онлајн курсеви се предаваат преку платформата Мудл во која група наставници и модератор работат заедно. За активно учество и за успешно завршување на зададените задачи на учесниците им се издава сертификат. Го резервираме правото да откажеме некој курс доколку не се пријават најмалку 12 учесници.

Како да се пријавам?

Пополнете ја пријавата  (видете подолу) и испратете ни ја заедно со потврдата за извршена уплата по е-пошта.

Рок за пријавување: 25 јануари 2016 година.

Ви требаат повеќе информации?

Ако сте заинтересирани за овие курсеви и имате прашање за нас, ве молиме да се обратите до Светлана Нефтенова, координатор на проекти.

Споделете на социјални мрежи