Британскиот совет во Македонија објавува конкурс за вработување на проектен асистент за потребите на проектот “Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системот за стручно образование и обука, и образованието на возрасните” во времетраење од 22 месеци.

Пријавување само преку порталот https://jobs.britishcouncil.org/ (одберете External Vacancies,  Македонија, и кликнете на опцијата Search).

Рок на пријавување е 10 јануари 2016 г.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.