Менаџер за СОУ (следење, оценување, учење)
Носителот на оваа позиција ќе остварува тесна соработка со Регионалниот виш советник за оценување и со тимот за управување со проектот – во однос на Проектот за поддршка за поголема независност на медиумите. Менаџерот за СОУ ќе биде одговорен за следењето на проектот и за обезбедувањето висококвалитетни и навремени инпути, како и за осигурувањето проектот да ја одржи својата стратешка визија и активностите на истиот да резултираат со економично и навремено остварување на предвидените цели.
Детали
Локација | Скопје, Северна Македонија |
---|---|
Времетраење | Назначувањето зависи од потпишување на договор со донаторот во врска со проектот. На определено време - за времетраењето на проектот. |
Работно време | 40 часа неделно |
Датум на затворање | Петок 13 Септември 2019 |
Опис на работното место
Бараме искусен професионалец којшто ќе биде одговорен за спроведувањето на активностите за следење и оценување на Проектот.
Некои од основните одговорности ќе го опфаќаат следното:
- Развој и одржување на ефективен систем за следење којшто одговара на потребите од информации за целите на донаторот и на Британскиот совет
- Развој и одржување на систем за следење којшто ќе овозможи ефективно поврзување на буџетот на проектот со планираните активности и изготвување на месечни извештаи со ажурирани информации
- Следење на сите проектни активности и на напредокот во насока на остварување на целите на проектот.
Како да се пријавам
За да аплицирате, ве покануваме да го посетите порталот е-вработување на Британскиот совет и да го пополните образецот за аплицирање најдоцна до 13.09.2019 година. Известување ќе биде доставено само до оние кандидати коишто ќе влезат во потесниот круг.